АПТПА ”ПРАШАЛНИК” за љубителите на тетовирањето во Македонија

 

 

Почитувани!

Со привршување на 2015 год ние како АПТПА може веке да сублимираме дека нашето здружение имаше огромен успех оваа година. Тетовирањето и пирсингот конечно добија заслужно место во Македонското општество – нема веке табу теми, нема прикривање на тетоважи едноставно горди сме што сме истетовирани и испирасани! 🙂

aptpa1

Но, нашата работа не застанува тука -НЕ, ние продолжуваме во креирање на нашата судбина како љубители на тетоважите и пирсингот. Затоа и ви го претставуваме нашето последно истражување за оваа година кој е планиран како ”ПРАШАЛНИК” и кој ке ни помогне да го направиме новиот план за активностите на нашето здружение во 2016 год. Ке бидеме кратки и ке побараме од вас да ни помогнете да го спроведеме ова истражување на целокупната територија на Македонија, ДА, тоа со ваша помош е возможно, наместо да бидеме како политичарите и да се силиме со одење од врата на врата и да поставуваме барања за активности во секојдневниот живот ние ке побараме од вас само 10 мин од вашето време за оваа онлајн форма која ја изработивме со помош на GOOGLE.

10-те минути кои ке ги одвоите за одговарање на овој прашалник ке ни помогне да дознаеме на каде ке се движи нашето делување во 2016 год. За нас е важно да знаеме што треба да направиме за да помогнеме на сите љубители на тетовирањето низ цела Македонија, запомнете ова не е само за оние кои тетовираат, ова е за сите кои го сакаат тетовирањето и кои сакаат да ја видат Македонија како гордо чекори во креирање на своја уметност изразена на кожа.

Толку од нас сега се е на вас – прочитајте внимателно и одговорете според сопственото убедување, во овој прашалник има место и за љубители и за хејтери, но ние нема да судиме само ке ги задоволиме сите барања од мнозинството граѓани на Македонија.

Повелете подолу линк кон нашиот

”ПРАШАЛНИК”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *