
Без изговори! Голем предизвик е да се изберат најдобрите тату артисти на годината но ќе се обидеме
Овие денови повеќе е вообичаено да имаш тетоважа отколку да немаш! Нормално, до тоа дојде со менувањето на општествените норми, тетовирањето стана прифатливо дури и за големите скептци кои веќе се во тату салоните и разгледуваат нова тетоважа за нив! Всушност секоја година се повеќе и повеќе луѓе се случува да застанат под сенка на машинката за тетовирање.
Знаеме дека тетоважите буквално траат вечно, па и зошто да не имаме голем апетит,ц елото наше тело е едно големо платно кое може да се исполни со тетоважи. Ако имате неограничени средства, време, и буџет за патување само е прашање кој ќе биде уметникот што ќе ви стави трајна уметничка вредност на вашата кожа.
Се надеваме дека тоа нема да биде некој непознат непрофесионалец … Бидете сигурни што сакате и направете некои истражувања пред да бидете истетовирани трајно, со проверка на различни видови и начини на тетовирање,стиловите на тетоважи, односно стилот на работа на уметниците. Ако сакате да добиете нова тетоважа, подобро е да штедите пари за да бидете сигурни дека тоа ќе биде направено, истетовирано како што треба – сепак еднаш се тетовирате и трае цел живот тетоважата, а парите не треба да се мерка за убаво дело. Според истражувањето кое го спроведовме, анкетите и самите коментари и мејлови со пофалби избрани се топ 3 тату артисти кои работат во моментов во Македонија.
Целта на оваа статија е да им дадеме почит, признание и повеќе изложеност на овие неверојатни
наши уметници, кои достигнаа највисоко ниво на професионалност и компетентност во нивната област на експертиза. Некои нивни тетоважи се големи уметнички дела … Тоа се тату артистите:
Душко Младеноски-Дукса кој работи во тату и пирсинг студиото СКИН АРТ во Скопје тц. Буњаковец
Миле Силјаноски – Мачорот кој работи во тату студиото ТатуКет во Битола
Виктор Терзиев кој работи во тату студиото Инксанити во Струмица
Уживајте 🙂