Единствено во Македонија каде што лузната се претвора во прекрасна тетоважа
Единствено во Македонија каде што лузната се претвора во прекрасна тетоважа

scar02

Секоја тетоважа раскажува некоја или нечија приказна, тука спаѓаат особено тетоважите со кои го разубавуваме нашето тело а ја прекриваме лузната која е дел од болното проживеано минато.

scar01

Неверојатно е што се може една тетоважа да направи од нечија личност,личност која трага по својата внатрешна и надворешна убавина изразувајки се отворено кон целиот свет. Тетоважите дефинитивно може да го разубават човекот или пак уште повеќе да ја појачаат убавината која ја поседува, да ја појача самодовербата и да ги оплемени и воздигне како личност луѓето. Таква убавина особено е она “парче” уметност како што е тетоважата која ќе остане вечно со нив. Таа уметност не го менува само надворешниот изглед туку има длабок импакт и врз начинот на кој се перципира самата личност и како се чувствува сама за себе, без разлика што другите мислат или како ја гледаат.

scar03

 

Тетоважата може да ги покрие или подзаткрие повеќето лузни и изгореници со користење боја, форма, дизајн, и поставеност. Самата лузна мора да биде најмалку 1 година стара.

Совети што треба да се знаат се:

Некои бои не може да излезат исто откако ќе заздрави тетоважата како што изгледа на неоштетена кожа бидејќи ткивото со белег го  апсорбира мастилото поинаку од здравото ткиво. Слики со длабочина (3Д ефекти) и разновидност на бои, богатиот  дизајн, му го одвлекуваат вниманието на окото од ткивото со лузни.
Некогаш наместо прикривање на лузната најдобро е да се камуфлира ткивото со лузни. Артистот за вашата тетоважа  ќе го користи искуството, вештината и креативноста кои ги има за да ве посоветува за тоа како да се направи една слика според големината и структурата на вашите лузни, уметничко дело ке биде она што ќе сакате луѓето да го видат без да се види лузната. Лузните се трајни, но начинот на кој тие ќе се носат дефинитивно може да се промени. Можете да ја преземете контролата на она што го имате и да го поседувате гордо со сета креативност, претворајќи го во сликата која сакате да биде видена наместо лузната која сакаш да се сокрие.

scar04

Што се може да се прикрие со тетоважата:

-Белези од раѓање
-Лузни од акни
-Пеги
-Стрии
-Лузни од Царски рез
-Лузни од Мастектомија
-Дисколорација на кожата / пигментација
-Големи или мали хирушки лузни
-Ткиво со лузни од случајна повреда
-Лузни од останати од секаков вид на посекотини
-Мали и големи лузни од изгореници
-Испукани капилари (Пајаковидни вени)

Некои лузни не може да се тетовираат одново, тука се вклучуваат тешките келоидни лузни (лузни кои се заздравени на врвотодносно на површината на кожата, а не под нејзе – покрено развлечено ожилно ткиво). Келоиди се драстично зголемени, цврсти, со неправилна форма, постепено зголемувачка лузна, која поради прекумерниот колаген при формирање во сврзното ткиво при самато поправка поправка на лузната. (инјектирање на стероиди, криотерапија и рендген терапија може да биде од помош – разговарајте со вашиот лекар)
Со тетовирање врз вашата лузна не може да се промени структурата на истата.
Тетоважата не ќе ги избрише лузните; туку ќе ја прикријат и замаскираат.

scar05

Единствено професионално студио во Македонија за ваков потфат е СКИН АРТ Студиото кое се наоѓа во т.ц.Буњаковец. Мајсторот за тетовирање Игор е единствениот едуциран и интернационално сертифициран  артист кој професионално со долгогодишното искуство од белезите создава уметнички дела.

Posted by АПТПА 0 Comments