Вашиот пирсер – ваш пријател!

p1130335

 

 

За жал, во ова време на технологија, кога се ни е на дофат на рака, многу грешат со тоа што сами превземаат на своја рака да се “справат” со своите пирсинзи. Дали навистина тоа го прават тоа, бидејќи немаат каде да се обратат за да знаат што да прават и како да го направат тоа или едноставно мислат дека интернетот знае се. Иронично, денес имаат толку многу  ресурси, и сите кажуваат едно, немојте ништо да правите на своја рака, верувајте во вашиот пирсер! Повеќето од моите лоши искуства се однесуваат на недостаток на разбирање, незрелост, несереиозност…Штета!
               Често тоа што не изненадува е само колку брзо заробената внатрешна инфекција може да се движи од непостоечка до сериозна.

Девојката на сликата го носела пирсот со кој ја испирсал професионален пирсер, ама за жал решила сама дома да го промени иако не бил заздравен и против препораките на својот пирсер. Во тој процес, таа успева да “навлече” бактерии во уште не заздравената фистула, а најверојатно бактериите  навлегле од нечистите/недезинфицирани раце. После недела дена  пирсингот сериозно почннал да потекува, односно бил инфициран, така што таа се упатила кон својот лекар, кој инсистирал направениот пирсинг да се отстрани во моментот  (и го отстраниле веднаш) и и препишал антибиотици. Фотографијата е направена штом се вратила дома од лекар.

cheek-infection


Грешка број еден

Промена на накит во фаза на лекување (заздравување) на пирсаното место без соодветно внимание од контаминација. Бидете свесни на пирсингот на образ најчесто му треба подолго време да заздрави, и што е уште поважно треба да знаете дека за кој и да се однесува пирсинг  знаци на заздравеност ќе се појават уште пред тој да е  всушност и заздравен (а дури и технички тазе заздравените испирсани места имаат многу тенка млада кожа, што всушност и ги прави многу подложни на повреди). Идеално за пирсаното место е тоа што не смее да биде променето додека не е потполно заздравено, но ако мора да го смени својот накит, но само ако мора, накитот треба да се стерилизира и да се користат ракавици и друга соодветна не крос-контаминирана опрема. Секогаш кога е можно тоа треба да се направи во соодветно професионално студио – ќе го стерилизираат во автоклав и самата промена на накит ќе е стерилна, па дури и го тоа го прават бесплатно кога ќе купите пирс од кај нив.


Грешка број два

                Кога е пирсаното место е со значителен оток и исцедок, присуството на накит на некој начин има и добра и лоша страна. Лошата страна е тоа што : туѓа материја за рана во голема мера може да ја зголеми инфекцијата, но тука доаѓа добрата страна: бидејќи поради тоа што може да се држи раната отворена што е често единствениот начин на чување на инфекцијата да направи апсцес. Пирсингот дозволува раната да се исцеди, додека антибиотиците (или алтернативни третмани) влијаат на елиминацијата инфекцијата како солени облози и други третмани,  кои исто така влијаат да се исцедува раната, но само ако е отворена. Дури и ако антибиотиците ја елиминираат инфекцијата, сеуште може да има сериозни компликации ако голем џеб на гној е заробена под кожата. Поради оваа причина јас се чувствувам должна да нагласам дека е важно секогаш да имате некој кој е запознаен со начинот на третирање на проблематичниот пирсинг без дозволување на компликации. Додека пак лекарите се познати по правење на проблеми со пирсингот и предвидувајќи го  најлошото, поради непознавањето на самиот процес на пирање и грижата околу пирсингот, па дури и денес. Секој реномиран пирсер е секогаш среќен да одвои време да го погледне испирсаното место без разлика која е тежината (без разлика дали тие го правеле пирсингот или не) и да ви даде совети за тоа како најдобро да ја третирате раната (во овој случај на претходно наведената девојка, најверојатно, ќе ви советува “одите на лекар, но не дозволувајте да ви го извади пирсот”). Уште подобро, пирсерите, за разлика од лекарите, ретко ќе ви наплатат за оваа услуга, иако вие секогаш треба да им оставите бакшиш (да ги наградите за посветеното внимание и услуга)!!!

11004954_10206053806923002_1280223476_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *