Виктор Терзиев – Inksanity Tattoo Strumica
Виктор Терзиев – Inksanity Tattoo Strumica

11113_10205127622968321_3990238532191027053_nПочитувани читатели би сакале да ви го претставиме најмладиот член на АПТПА и да му посакаме добредојде во нашето семејство на Професионалци.

– Здраво,да ни се претставиш па да почнеме со интервјуто.За почеток едно полесно прашање колку долго се занимаваш со тетовирањето и од каде љубов према тетовирањето?

Се викам Виктор Терзиев,роден и пораснат сум во Струмица,каде и што ја работам оваа прекрасна работа за мене – имам 25 години а со тетовирањето се занимавам скоро 5 години.Љубов спрема оваа уметност сум имал одсекогаш,ајде да кажам најпрвин спрема ликовната уметност која прерасна од црткање по ликовни платна до цртање и тетовирање човечки тела.

11960139_10206255732850363_3061482962480302109_n

– Каде научи да тетовираш и дали сметаш дека едукацијата за тетовирањето е соодветна во Македонија за да станеш професионален тату артист. 

Како и повекето тату артисти во Македонија,оваа уметност  ја имам научено на потешкиот начин, онаа добра стара”улична” школа.Правејки машинки од најпримитивни делчиња и цртајки по разни вештачки кожи ја добив денешната школа и самодовербата во мојата работа.Се разбира,како најголема помош и школа за работи што сакав да ги усовршам ги прашував колегите кои работеа низ веке постоечките Македонски студија за тетовирање. Благодарение на моменталното ниво на тетовирањето во Македонија сега веке само раснам како артист и мојата работа се шири по кожите на моите сограѓани.

10801956_10204438535741571_294780252418480715_n

– Дали има разлика тетовирањето денес и тетовирањето порано. 

Разлика мегу тетовирањето денес и порано?

Тетовирањето се негува со векови наназад од некои култури.Додека до пред некое време тетовирањето и тетоважите се сметаа за форма на девијантно однесување од страна на цивилизираните луѓе,гледате,некој го донел и кај нас и сега секој сака,или ајде,барем мисли да стави тетоважа на него.Што се однесува до начинот на тетовирање,денес е далеку пософистицирано и побезболно одошто било порано.

10411289_10204947443783954_8251631065868362361_n

– Што е основа за добра тетоважа според тебе и дали клиентот е пресуден за добра тетоважа. 

Според мене најголема и пресудна основа за добра тетоважа е самиот Клиент.Неговата соработка со мене,барање,избирање на тетоважа што би се вклопила со неговите досегашни (ако ги има),работење на нова идеја според моите можности,негово давање и додавање идеи врз моите,што ке ја направи тетоважата уникатна далеку поапстрактна или па вистинска реална слика на нашите фантазии.

10428654_10205112902280313_3244196875327068133_n

– Колку тетоважи правиш дневно-неделно и дали посетуваш конвенции за тетовирање. 

Да не претерам,речиси секој ден има по некоја нова тетоважа.Да надополнам,се зависи и од периодот во годината и расположението на луѓето;На конвенции сеуште немам одено од причина што држам до мојот таканаречен бизнис план – фокусирање на домашно тло најпрвин,па потоа конвенции,натпреварувања и сл.Се во свое време и место.

10480649_10203157165148107_2378322346470033635_n

– Дали имаш идоли од светот на тетовирањето и што би препорачал на сите кои се занимаваат со тетовирање. 

Идол!

Ми се допага работата на Kat Von D,како и работата на многу други артисти но Black&Grey (ЦрноБел) стилот ми лежи на срце најмногу…На тату артистите што да им препорачам,напорна работа,успех,постојано надоградување и следење по стапките на модерното време и тетовирање што е во подем.

11072833_10205445776481960_332818309518146631_n (1)

– Ни треба некоја анегдота,раскажи ни смешна дешавка што ти се случила со некој клиент. 

Случки и анегдоти има секојдневно,што ја прави оваа професија уште поинтересна.

Имаше моменти кога дечко сака со полна црна линија да го пречкрта името на бившата девојка и над неа да го напише името на новата.

Друг пак сакаше перо да и стави во коса и да нашминка оти не се заедно и да ја претвори во Индијанец.

Трет оти многу голотија имал на сликата сакаше костим за капење да и стави и т.н.

11112870_10205548853338817_6995429919888381842_n

– Дали си тетовирал некоја позната личност. 

Градот во кој живеам е релативно мал и не е некое туристичко место за да сретнам или пак тетовирам некоја позната личност.Којзнае,можеби во некоја блиска иднина во една од моите кратки посети во странство ке се најде и некоја селебрити муштерија.

10491971_10205495026353176_9032229059542119691_n

– До кога планираш да се занимаваш со тетовирањето. 

Тетовирањето ми е опсесија,двигател,дел од животот.

Ќе се занимавам со оваа уметност цел живот.

10672282_10204021957887385_2167822624484040358_n

– За крај пиши ни нешто што би сакал да кажеш сам со свои зборови за читателите. 

Поздрав и благодариме за можноста за ова интервју.Тетовирањето не е повеке табу како некогаш,тоа е модерен начин на кој луѓето можат да ја изразат својата персоналност,страст,очекувања и цели во животот на начин кој е прекрасен и својствен за нив.

Повелете,разубавете ги вашите тела со давање место на вашата фантазија и она зад што стоите.

studio1

studio2

Inksanity Tattoo Strumica

Ленинова 14

Струмица

www.facebook.com/Inksanity-Tattoo-Strumica

Posted by АПТПА 0 Comments