
Не суди за книгата по кориците!!!
Професионализамот не е врз основа на тоа како изгледате, туку е врз основа на тоа како вие комуницирате и како постапувате со другите. Постојат ширум светот милиони вработени луѓе кои напорно работат, а се тетовирани и испирсани. Ние веруваме дека негативните стереотипи и дискриминација не се пребродуваат и разрешуваат само со зборови, туку со дела, работна етика и карактер.
Во последно време има драстична промена на некои работни места и во некои области што се однесува до тоа дали имате тетоважи, каде се наоѓаат тие и дали се гледаат истите. Повеќето компании навистина и нема да превземат ништо, нема ни да реагираат за тетоважите на вработените,се додека тие не се видливи.
Бројни компании одбиваат совршено квалификувани и способни поединци, бидејќи не им се допаѓа идејата за тетоважи во нивната работнаоколина. Но, претпријатијата и организациите со тек на време ја реализираат грешката на нивните начини и ги менуваат нивните политики.
На пример Студиото Дизни неодамна ги променети неговата политика за вработување, како и кодексот на облекување за да се приспособат на персоналот кој има тетоважи; а причината за тоа беше дека Дизни не може да најде доволно квалификуван персонал и без нив. Меѓутоа, додека професионална средина може да се менува постепено, општата перцепција на луѓето и натаму останува иста.
Тетоважите и пирсингот веќе не се непрофесионални, барен не во ова модерно време на експанзија на истите. И сепак на крајот на денот, бизнисите имаат корист од највисоко квалификуваниот, обучен, образован и искусен персонал, а ако тоа се вработените кои имаат тетоважи или пирсинг, ова значи дека можеби е време да се вработи “најдоброто нешто” за вашиот бизнис.
Сватете не е погрешно да се отпушти некојкој има тетоважи или пирсинг, како што не е во ред да не се вработи некој со тетоважи и пирсинг. Не е во ред, не е економично и не е етички да се направи било која од овие работи поради површни причини, анаместо од причините кои се темелат врз основа на вештина, искуство, образование, и карактер.
Не судете за книгата никогаш по кориците кои ги има, што значи запознајте го човекот неговиот карактер не судете по тетоважите или пирсовите кои можеби ги поседува.
Светската организација
Support Tattoos And Piercings At Work
се занимава со дискриминација на луѓето кои се тетовирани и пирсани.