Дукса од СКИН АРТ – артист кој има свој стил!
Дукса од СКИН АРТ – артист кој има свој стил!

11745781_1695245697371933_1043941745557846764_n

 

Време е да ви претставиме еден од артистите од најстарото студио за тетовирање во Македонија – Душко – Дукса!!!!

– Ајде да ни се претставиш, од каде љубовта кон кожната уметност и што е дефиниција за тебе како артист!

  • Јас сум Душко Младеноски – Дукса. Имам 23 години и работам како tattoo artist во студиото Skin Art. Љубовта за тетовирање кај мене постои подолго време. Во 5 одделение прв пат се заинтересирав за ЈНА тетоважата на мојот чичко, кога ми објасни зошто и како се тетовирал мојата перцепција за тетоважите доби друга димензија, би кажал уште тогаш почнав да гледам на тетоважитекако вид на уметност. Како растев се повеќе добивав желба да ги изработувам.

11188267_1662821367281033_8434786059015623392_n

-Зошто АПТПА, од кога си здружен со професионалноста во тетовирањето?

  • АПТПА  е всушност Алијанса на Професионални Tattoo и Пирсинг Артисти од Маекдонија. Иако на многумина не им е познато, ова граѓанско здружение во Македонија постои веќе 10 години. Идејата позади оваа алијанса е пред се да постави основни и безбедни стандарди во тетовирањето, а воедно и да ги заштити правата на тату артистите. Официјално од ова здружение сум дел веќе две години.

1533754_1681454015417768_8664737161521737177_n-2

-Колку време тетовираш,како одеше твојата обука околу самата уметност и што мислиш има ли соодветна едукација во тетовирањето според тебе?

  • Со тетовирање започнав на 17 години, значи вкупно 6 години, од кои последните две години професионално во студиото СКИН АРТ.  Самата обука одзема време и бара одговорност и посветеност. Во Македонија соодветна едукација има, но не е секогаш практикувана. Сепак обуката е најлесниот дел од самиот процес, предизвикот почнува после тоа кога постојано треба да се надградувате и вложувате во себе.

11130274_1655307648032405_1806202618137853493_n

-Каква е разликата во тетовирањето денес и некогаш за тебе,опиши ни еден работен ден – Што е според тебе основа за добра тетоважа,колку е важен медицинскиот аспект, опремата и другите фактори за да тетоважата биде перфектна? 

  • Токму едни од најбитните фактори како што се медицинскиот аспект и опремата ги прават најголемите и најважните разлики меѓу тетовирањето некогаш и сега. Медицинската нега и хигиена е приоритет и е на многу повисоко ниво од порано. Боите кои се користат се исклучиво органски, новата опрема се купува и користи во стерилни паковања како стерилни игли и др. Опремата за тетовирање, со самиот развој на технологијата е доволно напредната. Се користат разни видови машинки за разни потреби и тоа го олеснува самиот процес на тетовирање. Од моето лично искуство би рекол дека основата за добра тетоважа се постигнува со правилна и чиста контура и со правилно нанесен контраст на боите и тоновите.                                                               Што се однесува до работниот ден, според мене кога го праите она што го сакате, тогаш тоа не се нарекува работа. За мене секое поминато време во студиото е исполнето и надградено со ново искуство.

1606982_1681824818714021_4938896618146928259_n

-Каква е разликата во тетовирањето надвор од Македонија и во Македонија,посетуваш ли конвенции и што е цела на тетовирањето на самите конвенции кај нас и во странство? 

  • Најголемата разлика меѓу Македонија и другите земји е во менталитетот. Тука самиот менталитет на луѓето не создава услови за поставување на високи стандарди или пак за развој и голем напредок,иако според она што било пред 20 год и денес тетовирањето во Македонија е доста напреднато. Инаку, ДА имам посетено повеќе конвенции до сега и наредни две се закажани за оваа пролет во Франфурт и Келн. Во меѓувреме правиме планови за наредни конвенции за истата година. Конвенциите се оддржуваат со цел да се промовираат самите артисти, размена на искуства и секако забава.

 

 

12345547_1735821619981007_7231473414979488035_n

-Кој е твој омилен стил во тетовирањето,дали се определуваш за еден стриктен стил и кои се твоите омилени мајсторски имиња во оваа уметност? 

  • Омилени стилови за тетовирање ми се Black and Grey,Realistic и Dotwork но како мој стил се определувам најмногу на Dotwork, иако сум заинтересиран и работам други стилови.  
  • Омилени артисти имам повеќе. Од нив би ги одвоил: Anrijs Straume, Nikko Hurtado,  Tommy Lee и др.

 

-Што е твоја препорака за сите оние што се занимаваат со тетовирање во Македонија?

  • Мислам дека најважно за артистите е постојано да се надградуваат и да изградад стил по кој ќе бидат препознатливи.

 

-Дали има незгодни или смешни случки на работното место кај тебе,што се случува во секојдневието во тетовирањето? 

  • Секое тетовирање е посебно искуство и си има свои позитивни и негативни страни. Најчесто времето поминува низ муабет и зафрканции па има доста доволно смешки и незгоди, но мојата професионалност не дозволува многу да зборам околу таквите случувања.

 

-Дали си шкртал некој од Македонските селебрити, можеби некој од странство?

  • Во Skin Art Студиото се имаат тетовирано повеќето познати личности од Македонија и странство. Јас лично немам тетовирано, а и не ми претставува посебен предизвик или задоволство,за мене сакам секој клиент да претставува личност која е позната по мојата уметност која ке ја носи целиот свој живот.

 

11825196_949366151796037_3093166167790749801_n

-До кога планираш да се занимаваш со тетовирањето? 

  • Планирам и целам кон тоа тетовирањето да ми остане главна професија засекогаш.

 

-За крај пиши нешто со твои зборови,што ке им порачаш на нашите читатели?

  • Да внимаваат каде се тетовираат, изборот на тетоважите да биде значаен за нив, а не тренд и да не се плашат од процесот.

10525902_744137768985544_4464357357826824169_n

 

Дукса може да го најдете во т.ц. Буњаковец во СКИН АРТ студиото,секако секој во Скопје слушнал за СКИН АРТ и Дукса.

Поздрав до следното интервју!

Posted by АПТПА 0 Comments