Ексцентричен начин за самоизразување

Lip-Piercings-1

Интерпретацијата на изгледот на определена личност во првата секунда кога ќе ја здогледате е она  што доведува до чувства на привлечност и емоционално одлична состојба…. Можеби очите, усните или пак насмевката, а во ова екстра модерно време  украсот кој поединци го имаат на своето лице….12025346_10207829838762688_1343695264_n

Во дамнешни времиња украсувањето на лицето со обетки било претежно поради некои ритуали, обреди и верувања кои ги имале луѓето во тоа време, денес пак некои се носат поради козметички причини („шминкање“на некој недостаток), но во секој случај се носат поради привлекување внимание! Со сета почит која ја имаме кон своето тело и изглед изнаоѓаме нови начини за разубавување и се поголема потреба за привлекување внимание! (searching for the spot lights)

12025523_10207829838722687_1666213395_n

Деновиве  младите  сакаат да бидат испирсани, бидејќи тоа за нив е начин на самоизразување. Да бидат уникатни и да се има свој стил и чувството за движење кон одредена насока е нешто за што нашата генерација се бори , а имајќи  пирсинг, особено на лицето се чини дека е начин на изразување на своите емоции, верувања, или чувство на личен вкус. Не води желбата да бидеме поразлични, односно да бидеме издвоени од едноличната толпа!

12042033_10207829838642685_1426484327_n

Пирсингот на лицето исто така може да  пренесува, т.е да е израз на сексуалноста.  Пирсингот на усна  првично требаше да означува еротска привлечност или пак да зрачи сексуална енергија од жената која го носи тоа. Овие денови, повеќето девојки се слатки, зрачат со сензуалност, дури и во друга крајност со ексцентричност, но сепак кога првпат започнале, првиот пирсинг на усната бил во знак на сексуалноста и еротичноста која ја поседува тој изглед!

12032520_10207829838522682_201785995_n

Споменавме дека некои луѓе во дамнешни времиња се пирсале поради својата култура, односно од религиозни причини. Во Индија, пирсингот на носот е доста популарен, особено кај жените, додека пак некои племиња во Африкаги пирсаат усните, па дури и ги прошируваат дупките! Во зависност од вашата култура и од каде сте,  пирсингот  може да  е од  голема вредност за вас, особено  ако сте верни на традицијата!

82272c42849603da16481cb10822a9ee

 

Следнава информација можеби ви звучи лудо, но некои луѓе ставаат пирсинзи, бидејќи тие сакаат да постигнат или пак да победат светски рекорди! Понекогаш пак пирсинзите им се само повремени, и ако се погледне во светките рекорди, ќе видите неверојатни бројки за мажи и жени од целиот свет за кои се води евиденција за бројните пирсови кои ги носеле! Ако се стремите за вакво нешто, само имајте во предвид дека со повремен пирсинг, може да добиете лузни или белези  и дека нема да исчезнат.

b39474a186236066eb5646ee1ea16f9a

И додека пак многу луѓе  пирсингот го сакаат бидејќи  сакаат да бидат стилски во тренд и “IN” во моментов или поради традицијата, многу други луѓе  се пирсаат бидејќи им се допаѓа чувството од самиот пирсинг на своето лице. Им се допаѓа чувството на металот кој поминува низ нивната кожа и тоа е многу од лично значење за нив!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *