Конвенции!

imageВо Македонија не толку познато, но сепак во минатите години имавме неколку конвенции кои колку толку успешно се поставија како место каде што се гради културата на тату животниот стил. Тату Културата е еден од најглавните аспекти за подобрување на стандардот на самата тату сцена во Македонија,секаде во светот репер на една добра постоечка сцена во светот на тетовирањето се конвенциите.
Ние ке пробаме колку толку да ви објасниме како се вреднуваат конвенциите и како може да учествувате во сите конвенции не само како студија туку и како љубители на тетовирањето.

Студијата на Конвенциите !!!!

За да учествува едно студио на професионална конвенција за тетовирање задолжително е студиото да е легално и да постои како компанија но некои артисти учествуваат и како гости под знаме на други студија. Обично е гордост на секоја земја едно студио да биде репрезентирано под државно знаме било на конвенција или на забава за тетовирање. Разликата помеѓу професионална конвенција и забава за тетовирање сите ја знаат – обично забавите за тетовирање се организирани од разни групи кои не работат со тетовирање туку се моторџии или пак други невладини организации додека професионалните конвенции се организирани во 90% случаи од колемите компании кои управуваат со индустријата во светот на тетовирањето – тие ја градат индустријата наизменично со културата и претставуваат секакви новости во светот на тетовирањето.Конвенциите обично се место за собирање само на професионални мајстори во тетовирањето но има и онакви конвенции кои не исполнуваат основни правила и услови на професионализам па и не се одржуваат редовно.Таквите конвенции не бараат никакви услови за учество на артистите и во повеке случаеви се означени како аматерски конвенции за аматери артисти.Покрај конвенции и забави за тетовирање се организираат и семинари за тетовирачи каде што разни артисти го споделуваат своето знаење со артисти кои сметаат дека нивната можност во уметноста е поголема но не се доволно запознаени со стиловите и разновидноста во користењето на материјалите и опремата за тетовирање – ваквите семинари се стриктно за оние кои се занимаваат со тетовирање и не се отворени за посета од обични љубители на тетоважите но околу оваа тема ке пишуваме понатака поопширно.

Сега малку за љубителите на тетоважите – како да си закажете тетовирање на конвенција!

На аматерските конвенции кои ги спомнавме погоре обично аматерските артисти си носат свои модели кои ги тетовираат бесплатно и така се натпреваруваат во категориите кои организаторот ги доделува како награда за учество но на професионалните конвенции не е таков случај не се залажувајте дека некој професионален мајстор би работел за џабе,imageпрофесионалните конвенции коштаат многу пари и мајсторот мора да го наплати својот труд.Организаторот на конвенциите не е менаџер и не закажува за работа на студијата и мајсторите кои учествуваат на конвенцијата – за да добиете тетоважа на конвенција обично мора да го контактирате студиото и мајсторот кој работи на конвенцијата која сакате да ја посетите,да закажете и да оставите капар за резервирано време кое мајсторот ке го одвои за вас.Студиото не го плаќа влезот на клиентот на конвенцијата,картата за влез мора сами да ја платите исто како што ке ја платите и тетоважата која ке ви ја изработи мајсторот подоцна. За сите оние љубители на тетовирањето и тетоважите најважно е да знаете дека конвенциите се закажуваат минимум 4 до 5 месеци однапред бидејки мајсторите за тетовирање имаат навистина тежок распоред каде што не секогаш може да ви најдат време за она што навистина мајсторски можат да ви го изработат – некои мајстори имаат букирано цела една работна година однапред и не е можно да се договорите во последен момент – немојте злонамерно да го разберете ова, од страна на мајсторот секогаш е отворена желба да направи што поубаво уметничко дело но сепак има само две раце а да се направи мајсторска тетоважа не е потребно час или два.

Како да го пронајдете вистинскиот мајстор за тетовирање!

Секоја конвенција има свој веб-сајт каде што ги претставува мајсторите за тетовирање кои ке учествуваат на конвенцијата – професионалните конвенции ги одржуваат сајтовите редовно и се знае редоследот на артистот минимум 7 до 8 месеци однапред.Но ова не е единствено место каде што можете да дознаете кој мајстор на која конвенција присуствува – секој љубител на тетоважите обично има омилен мајстор кој го следи по социјалните мрежи или пак ја следи неговата работа на личниот веб-сајт од мајсторот така да личниот контакт со студиото за тетовирање или мајсторот е најубаво за добивање на перфектен дизајн за тетовирање на конвенцијата. Последниот начин за следење на работата на мајсторите за тетовирање се списанијата за културата во светот на тетовирањето но за жал освен странски списанија кај нас немаме никаков примерок на домашна литература околу мајсторите за тетовирање во Македонија но АПТПА планира тоа наскоро да го смени.

Општо за конвенциите !

Бидејки професионалните конвенции чинат доста пари,организираноста е на највисоко ниво и програмата е богата со разни забавни елементи од културата на тату-сцената која е денеска развиена секаде низ целиот свет немојте да се чудите зошто се наплаќа влезот – влезниците се продаваат на база на дневна или целокупна влезница исто како што тоа се прави на музичките фестивали,имено музичките фестивали ја развиваат музичката култура секаде низ светот а конвенциите за тетовирање ја поддржуваат и развиваат културата на светот на тетоважите.
Денеска кога вратите на целиот свет ни се отворени широко,може во секое време да отпатуваме било каде без многу голема бирократија или папирологија како порано ние ви препорачуваме да почнете да си планирате благовремено каде ке може да посетите некоја голема дешавка од светот на тетовирањето.Подгответе се убаво,побарајте се за студијата и конвенциите на достапните веб-сајтови и закажете една убава прошетка во богатиот колоритен свет на тетоважите.
Испочитувајте ги барањата на мајсторите и студијата сепак тие креативно треба да се подготвени многу однапред за да го задоволат вашето барање кое секако треба да го носите вие и тоа цел живот.Вистинските мајстори разбираат колку е важна тетоважата која вие треба цел живот да ја носите затоа и својата работа ја подразбираат најсериозно а нивните барања се само дел од професионалноста која тие ја стекнале со искуство.

imageПрисуствување на Конвенција за Тетовирање !

За сите љубители на тетовирањето и кожната уметност конвенциите се со широко отворени врати – на професионалните конвенции како што напомнавме погоре се плаќа влезница и слободно можете да ја следите богатата програма која секоја конвенција ја нуди.На аматерските конвенции и забавите за тетовирање обично влезници не се наплаќаат но дневната програма не е толку богата како на професионалните.За оние кои мислат дека спонтано може да си направат тетоважичка на конвенција не е на одмет да пробате и да прашате на лице место за време и дизајн,може ке си закажете за тетовирање во студио а дури може и да начекате слободно место.Како што напомнавме погоре обично мајсторите за тетовирање времето го имаат продадено 4-5 месеци однапред но не секогаш секој е точен и можеби тоа ке биде ваш срекен ден па некој кој не се појавил на закажаното ке го остави времето вие да се истетовирате.

 

image

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *