Мачорот – Мајстор за Тетовирање
Мачорот – Мајстор за Тетовирање

Голема чест и задоволство ни е да ви го претставиме еден од најстарите членови на нашето здружение и голем мајстор во тетовирањето Мачорот од Битола!

Screen Shot 2015-11-15 at 15.26.59

 

•Прво да ни се претставиш – од каде љубовта спрема тетоважите и општо цртањето.

Здраво на сите читатели!

Ја сум Силјановски Миле – Мачор имам 32 год – роден и живеам во Битола каде е стационирано и моето студио за тетовирање,поточно студиото ми се наоѓа во населбата Баир во Битола и се вика ”TattooCat” сигурно на сите оние кои го посетиле студиото тоа им е познато.

Љубовта кон тетоважите и тетовирањето кај мене е родено одамна,рано во мојата младост кога имав 13-14 години,тогаш и првпат ставив тетоважа на моето тело па можам да кажам дека целата таа работа беше љубов на прв поглед – веке имав изразен талент за цртање и едноставно желбата за тетовирање се роди спонтано кога видов дека за мене нема да е проблем еден ден да станам голем мајстор во оваа уметност.

•Од кога си член на АПТПА и што е идејата за постоење на едно вакво здружение.

Во врска со АПТПА јас вака би почнал – Чест и Задоволство ми е што уште од самиот почеток на АПТПА јас застанав како еден од првите членови,мислам слободно можам да потенцирам дека сум еден од создавачите на ова граѓанско движење.Член станав на покана од Игор Механджијски кој е мој добар пријател и колега а во моментов и председател на АПТПА.Кога Игор ме покани да стананам член на здружението и ми ја образложи идејата за што се работи јас прифатив веднаш без двоумење бидејки самата идеја за ширење на културата на оваа уметност,залагање за едукативно промовирање на тетовирањето како нов вид на ликовна култура и рушење на бариерите за довчерашната табу тема ”тетовирањето” како отпадничка култура на мене ми беше јасно и недвосмислено чиста.Не се сомневав за намерите и знаејки го Игор и неговото искуство околу самото тетовирање знаев дека на нас сите артисти во Македонија кои се занимаваме со тетовирање вакво нешто ни е потребно и добро да го имаме.

 

•Каде научи да тетовираш и дали сметаш дека едукацијата за тетовирањето е соодветна во Македонија за да станеш професионален тату артист.

Во почетоците на мојата кариера како артист јас немав прилика да посетувам школо или некое студио за тетовирање каде што би стекнал знаење и полесно би ги совладал вештините во оваа професија,во тоа време тогаш тоа за жал беше невозможно.Во тоа време за тетовирањето се едуциравме само преку странски списанија (кои доста тешко се набавуваа) и контакти со колеги кои исто присобираа информации на сличен начин како мене,се трудевме многу да ги скршиме бариерите и предрасудите кои постоеа во нашето општество и гледавме што повеке тетоважи да направиме за да може да имаме поголемо искуство со што ке се стекнеме со поголемо знаење.Така да јас би кажал дека професионален артист кој што тетовира станав само со многу труд и пракса,многу читање на секаква литература која што ми доаѓаше до рака за тетовирањето и општо се околу оваа уметност – работа,работа и само работа.

11188301_829208323782475_3897568748288303895_n

•Опиши ни еден твој работен ден,што е разликата во тетовирањето денес и тетовирањето порано за тебе

Еден мој работен ден денес се состои од неколку часа тетовирање кои се доволни да изработам една поголема тетоважа,порано кога желбата за тетовирањето беше поголема од искуството јас работев многу повеке часови во ден но денеска кога знам колку е потребно за припрема и концентрација за изработка на една тетоважа јас мојот работен ден го посветувам на таа слика и ја изработувам до последен детал кој го имам замислено знаејки дека трудот кој што го вложувам на крај е изразен со тетоважа изразена до последно моментче на перфекција.

 

•Што е основа за добра тетоважа според тебе,колку е важен медицинскиот аспект во тетовирањето,дали опремата мора да е иста кај секој артист или секој бира каква опрема за тетовирање користи и како користи.

Основа за добра тетоважа според мене пред се е добар,професионален и искусен мајстор кој тетоважата ја сваќа сериозно и недвосмислено се предава на концентрација за изработка на истата, се друго според мене е бегање од одговорност и работење без искуство.Од страна на медицински,хигиенски аспект артистот мора да биде здрава личност,пред се да не пие алкохол или да применува опојни средства (посебно не додека работи) а после и да е сигурен дека самиот не поседува некаков вирус или бактерија бидејки е во директен контакт со кожата на секојдневните клиенти кои при тетовирање се здобиваат со ”отворена рана” која без знаење и искуство може да пренесе или да се здобие со било каква болест,вирус или др.Денеска хигиената е многу лесна и едноставна кога е тетовирањето во прашање,треба само да се има знаење како и што е потребно и истото да се направи,изборот на опремата и материјалите што се потребни за тетовирање е голем,квалитетот на опремата и материјалите е различна во зависност каква ке одберете нормално затоа треба да се има знаење и пракса и на крајот ке добиете убава,здрава и квалитетна тетоважа која со гаранција ке ја имате до крајот на животот.

dve

•Какви тетоважи правиш дневно-неделно,што е твој омилен стил во тетовирањето и дали посетуваш конвенции за тетовирање.

Јас како артист изработувам најразлични тетоважи,не се осврнувам кон само еден стил на тетовирање,со моето искуство јас можам да изработам било каква тетоважа без разлика на големината или сложеноста на сликата – за поголемите тетоважи понекогаш ми се потребни повеке термини но сето тоа зависи од многу фактори кои им се познати на сите оние кои се занимаваат со оваа уметност.Секако давам максимум од своето искуство во секоја тетоважа посебно и бидејки сум запознаен со сите стилови на тетовирање решен сум и работам на случајот да во наредниот период изградам свој стил на работа со кој ке бидам препознатлив на домашната сцена а и надвор од државава.

Секако дека имам посетувано доста конвенции,на многу конвенции и имам учествувано како застапник на Битола и Македонија во оваа прекрасна уметност а и планирам секако и понатака да присуствувам на што повеке вакви евенти бидејки мислам дека е добро да си во постојан контакт со сите колеги,така се добива што поголем поттик и инспирација да напредуваш во сопствената кариера што побргу и поуспешно.

 

•Дали имаш идоли од светот на тетовирањето и што би препорачал на сите кои се занимаваат со тетовирање.

Секако дека имам идоли и тоа многу од поновата генерација на светски познати артисти,ја следам нивната работа и им се восхитувам на талентот и можноста да креираат такви прекрасни дела.Контактирајки со еден дел од тие артисти јас пробувам да соберам уште повеке искуство,да научам нешто ново,корисно кое ке го применам подоцна и во пракса тетовирајки свои клиенти.

На они кои се занимаваат со тетовирањето кај нас нема да им препорачам ништо,нека ме прочитаат и нека извадат свој заклучок од моето интервју.Не би додал ништо од проста причина што несакам некој да ме разбере погрешно па да ми се налути поради таквата препорака.

bitola2

•Ни треба некоја анегдота,раскажи ни смешна дешавка што ти се случила со некој клиент.

Се случуваат секакви случки оваа професија дава шанса за среќавање на секакви различни профили и каратери па затоа секој ден е посебен за мене,има многу анегдоти и дешавки но несакам да издвојам нешто посебност баш поради мојата професионалност и почитта кон клиентите.Секој клиент си има посебен вкус и желба а јас тоа како професионалец го почитувам и несакам да го искористам како своја реклама,несакам да наметнувам мое мислење или вкус нормално се додека тоа не биде побарано од мене како искусен уметник.

•Дали си тетовирал некоја позната личност.

Светски позната личность немам тетовирано но вистинска желба ми е и се надевам еден ден дека ке имам прилика да направам такво нешто,нормално доколку на таква личност му се допаѓа она што го изработувам.Од моето опкружување,од моето поднебје имам тетовирано многу познати личности кои секако многу ми значат и во оваа прилика сакам на сите да им се заблагодарам што решиле да се мои клиенти и за неизмерната доверба која за мене претставува чест и задоволство.

11124480_827990410570933_8171020047733152358_n

•До кога планираш да се занимаваш со тетовирањето.

До кога планирам да се занимавам со тетовирање – ХМ… за тоа не сум размислувал сеуште но знам дека до сега не сум планирал да се откажам од оваа прекрасна уметност воопшто.Мислам дека до сега се имам покажано како артист кој има многу постигнато на ова поле и можам слободно да се занимавам со тетовирањето до недоглед.

•За крај пиши ни нешто што би сакал да кажеш сам со свои зборови за читателите.

За крај би им се заблагодарил на вашите читатели за интересот и на вас како медиум за можноста ова интерву да биде објавено.Секој кој е заинтересиран за мојата уметност може да ме исконтактира или да ја разгледа мојата досегашна работа на www.tattoocatbitola.com или во секое време да ме посети во моето студио кое се наоѓа како што кажавме во населба Баир – Битола или пак може да ме исконтактира на +389 70 43 21 64.Уште еднаш благодарам и поздрав до сите вас до следната ваква прилика.

10391400_759176724118969_5435039014084223668_n

 

 

 

bitola4

Posted by АПТПА 0 Comments