Моторџиска забава со тетовирање

Уште една година благодарение
на МотоКлубот Ноќни Волци во Македонија се одржа единствениот евент кој го промовира тетовирањето и пирсингот во Македонија.image
Забавата се одржа на катната гаража “Македонска Фаланга” каде што организаторите покрај тетовирање во својата програма одделија време за доста алкохол,колбаси,рок и брмчење на моторите – сепак оваа забава традиционално го одбележува роденденот на мото клубот Ноќни Волци од Македонија !
Иако скоро секоја година Ноќните Волци од Македонија го слават роденденот на овој начин и оваа година беше скоро иста како и минатите,нова беше само локацијата.11414592_10207133483954253_1951581720_n
Ние присуствувавме на евентот,убаво се забавувавме и ја претставивме нашата организација на најссодветно ниво,според Македонски стандарди нели.Многу години наназад се разговара за фестивали за тетовирање во Македонија но за жал ова остана нешто единствено кое може приближно да заличи на некаков евент за тетовирање кај нас.imageСекогаш ги поттикнуваме сите заинтересирани групи на граѓани да го промовираат овој вид на уметност на начин на кој тие самата уметност ја гледаат – моторџиите на свој уникатен начин ни покажаа колку вреди тетовирањето во Македонија и затоа мора да кажеме големо БЛАГОДАРАМ за нив!image

Роденденската забава беше поделена во три дела – тетовирањето и пирсингот имаше свои осум часа при што неколку “артисти” од Македонија работеа(тетовираа) на самата локација покажувајки ја својата спремност да направат уметност и во неверојатни услови,прекрасен видик на малку потопла температура, но со пиво комбинацијата кулминираше во вториот дел од забавата – доделување на благодарници на она што беше изработено во Македонија во последните години.Нема да го коментираме оценувањето на тетоважите и наградувањето бидејки сепак тоа е стриктно клубско решение и наградување но за нас како здружение останува важно дека некој се заангажирал да даде оцена па каква и да е,се надеваме дека во иднина интересот за благодарниците ке расне при што ке се собере поголема група на истетовирани Македонци на едно место!
image

Сепак најголемо “Браво” ке кажеме за третиот дел на забавата а тоа е настап на бендовите „The Backdoor Band“ и „SouthPark“ на отворена сцена каде што забавата го доби вистинскиот моторџиски лик – Ноќните Волци и оваа година покажаа дека во крвта на секој моторџија е добриот Рок.

image

Ние се надеваме дека сите присутни моторџии а и останати се забавуваа на роденденскиот евент на Ноќните Волци и секако се гледаме на некоја друга забава.Следете го нашиот календар на Фестивали за Тетовирање и Пирсинг и бидете присутни секаде,сепак само вие можете да ја прошетате нашата уметност секаде низ светот!
Поздрав!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *