НОВИ СТИЛОВИ ТЕТОВАЖИ 2015

Се одбројува веќе и крајот на оваа година… 🙂  Може и прераано зборам, но кога ќе се осврнеме наназад и кога ќе погледнеме дека тетоважите постојат како такви статични непроменливи скоро милениум неколку месеци до крајот на годината и не е многу, нели?

 

Да, сигурно одкако тетовирањето стана мејнстрим технологијата е многу подобрена. Мастила, машини, па дури и начини на исцелување во  праксата  видовме огромен напредок во последните неколку децении, кои резултирале со почисти, појасни тетоважи кои имаат тенденција да траат подолго и да стареат подобро од кога било досега.

Но, како и во секоја област што гледа експлозија на раст (тетовирањето веќе стана мулти милијардна  индустрија со повеќе од 100.000 продавници во светот), секогаш ќе постојат оние кои не се задоволни со одржување на статус кво. И во светот на тетовирањето потрошувачите, консументите на овој вид уметност, исто така, се оние кои го водат развојот на истата уметност. Како што се повеќе и повеќе луѓе се со мастило (се збори околу 35%) ќе има се повеќе и повеќе “кожи” кои сакаат да го поместат лимитот на можностите за да се издвојат од другите кои имаат тетоважи.

Секојдневно “сурфајќи” по интернетов гледам бројни статии со тетоважи и некои од нив се одлични и кога ги гледаш едноставно добиваш желба да имаш уште пет или шест раце. 🙂 Но, за жал, некои од нив се трагични (траги/комични) и ми прават да се смеам на сметка на некои “страданици” кои се прелажале и се истетовирале без да размислат што, како, каде и кај кого…(но и за што друго е нетот нели?).

И како што веќе заклучивме тетоважата постојано се развива и нови стилови се појавуваат секоја година. Се повеќе и повеќе креативни, “лични” на око, атрактивни и привлечни, тие создаваат толпа трендови во тетовирањето, со цел да останат (или не).  Затоа сме тука ние љубителите на мастилото кои ќе одлучуваат …  Крајот на изминатата година,  трендови кои беснееа беа бело мастило, црвено мастило, траш Полката, графичките и акварел тетоважите. bfj102-578x62910850069_10205475512866539_3632752198711139608_n Уметници почнаа да експериментираат со овие нови техники за да се создаде уште поголеми оригинална уметност. Нивната инспирација, исто така може да се најде во класична уметност и традиции. Традиции, и тоа тие кои ни се најблиску до нас, кои сме ги  заборавиле, како везот на нашите баби… да, да разните стилови вез сега претворени во тетоважа 😉 ….. И на крај екстра модерните ултра технолошки се тетоважите во фотошоп стил и комбинација реалистичнисо полкатреш.

Уметнички, створени за  уживање и  креативни, новите стилови тетоважи се за луѓе кои бараат уникатен пристап кон мастилото, односно тетоважата. Значи, ајде да ги разгледаме во овие примери и да ни кажете дали сте пронашле вашата  …

new-tattoo-styles

11781829_10207514667884140_919071601500674498_n

11046860_10206335813053506_5540214742310579164_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *