Нов тренд – тетовирани веѓи

Веѓите ги викаат рамки на нашето лице, од нив зависи изразот на нашето лице.

 Убавите веѓи може да го променат  изгледот на текот на целиот ден!

Поминаа деновите кога моравте да се помирите со проретчените или прегустите веѓи на 90-тите. Сега веќе традиционалните тетоважи за веѓи и Microblading техниката нудат различни опции за да ги подготвите вашите веѓи за летно време, но како да изберете?

Микроблендирањето е полу-постојана техника на тетовирање што создава илузорни нацртани влакна за да ги пополните редките или тенките веѓи. Оваа техника има за цел да ви овозможи без напор целосна (исполнета) веѓа – нема потреба од скапи моливи за веѓи или гелови. Во зависност од типот на кожата, ќе уживате во резултатите приближно една година, пред да побарате освежување на пигментот. Крајниот резултат е ефиксен ќе уживате во веќе симетрични и дефинирани веѓи без да мора да ги цртате секојдневно.

Се разбира, иако ова звучи одлично во теорија, сепак е инвестиција: microblading -от може да чини нешто северно од 6000 денари. И, се разбира ако сакате да добиете тетоважа, особено на лицето, треба да си направите сами ваше истражување.

Која е разликата?

Еве што треба да знаете. Иако и двете опции се еден вид на тетоважи, важно е да се забележат разликите. Постарата и нешто поедноставна верзија е традиционална тетоважа на веѓите; поновата покомплексна, рачна верзија е Microblading.

ТРАЈНИ ИСТЕТОВИРАНИ ВЕЃИ

Овој процес вклучува постојано полнење (вбризгување) на пигмент во кожата за да се создаде цврст полнеж. Ако барате постојан фикс (освежување), оваа опција може да биде ваш победник. Но, не очекувајте „природни“ резултати. Традиционалните машинки за тетовирање вградуваат (вбризгуваат) пигмент подлабоко во дермисот, а со тоа се зголемува можноста за проширување на пигментот под епидермисот со што доаѓа до неприроден изглед. Некои традиционални уметници за тетоважи ќе истетовираат посебни црти (влакненце по влакненце) – визуелно да бидат со изглед на влакно, но бојата сепак ќе се прошири и ќе замагли многу повеќе. До тоа доаѓа од длабоко вбризганиот пигмент. Ова исто така ќе предизвика и промена на бојата на вашите тетовирани веѓи. Боите базирани на црно-кафеав пигмент имаат тенденција да обледнат и да станат сино-зелени. Додека пак светло-кафеавиот пигмент е боја базирана на светло и таа бледнее до црвено-портокалова боја.  

Овој процес на тетовирање е со умерена болка.

Придобивки од микроблејдингот

Микроблејдинг нуди полу-постојана фиксација со резултати што траат до три години, иако една-две години е просечна. Обновувањето на секои осум до дванаесет месеци ќе ја задржи бојата и линиите на вашите веѓи, намалувајќи ги трошоците. Ова го олеснува менувањето на формата на веѓите со трендови на менување за разлика од постојаниот колега (тетовирањето). Овој процес честопати се нарекува вез на веѓите заради неговите високо индивидуални резултати. Еден добар техничар прецизно ќе го нацрта секој посебен потег на кожата со помош на специјализирана алатка за рачни прецизни потези со низа мали игли. Целта е да ги следите насоките и должината на постојните влакна. Мастилото за микроблајдирање нема да се замачка и веројатно нема многу да се рашири под кожата, за разлика од традиционалниот начин. Ова го прави идеален за создавање целосни, визуелно природни веѓи. Закажувањето термин за микроблајдирање секогаш треба да вклучува и контролен термин после 4-6 недели по првичната постапка.

Дали е болно?

Во зависност од вашиот праг на болка, сензацијата може да се спореди со крајот на зашилените пинцети што се влечат по кожата или ве „гребаат“. Слушате звук на гребење, но анестетикот (доколку го нанесете претходно) ќе го вкочани местото за дополнителна удобност за време на постапката. Ќе чувствувате ситно боцкање до повеќе непријатно убодување. Тоа навистина зависи од индивидуата и ако сметате дека имате низок праг на болка, земете некој лек против болка еден час пред тоа. Доколку сакате да нанесете крем за намалување на болката треба да го нанесе на пределот на веѓите, па поради тоа би требало да биде и релативно безболно. На повеќето луѓе после третирањето им олеснува колку е минимален факторот на болка. За прекрасни крајни резултати дефинитивно вреди да се посветите на овој вид „цртање “ на веѓите.

Поради многуте придобивки од микроблајдот, тој честопати се избира над традиционалните тетоважи за веѓите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *