1. Ајде да ни се претставиш и кажи ни како се реши да се занимаваш со пирсање?
Моето име e Анета Механджијска и работам како пирсинг артист во Студиото за тетовирање и пирсинг СКИН АРТ во Скопје. Од секогаш знаев дека нема да имам нормална работа,женско сум,фасцинирана сум со светкави материјали-метали-украси уште од малечка, пирсањето како професија ми дојде како шлаг на торта. Го работам ова малку повеќе од 10 години и уживам во самата работа,поврзување со секакви луѓе и карактери е за мене друга димензија која пирсањето го прави поинтересно и поинтересно и поинтересно до бескрај!
Тоа е нешто за што сум многу страствена и не би сакала да правам нешто друго.
Сакам, не, обожавам да пирсам, затоа што ми се допаѓа како може пирсингот се да промени, изгледот, чувството , да се осознаеш и да се чувствуваш поубаво, е тоа е тоа што го сакам и што можам да го направам за другите. Да им ја покажам да им ги отворам очите кон оваа неверојатна убава индустрија која несекојдневно го украсува телото на уникатен начин.
Кога бев мала со моите кукли си играв како хирург, ги боцкав, ги украсував со секакви светлуцави материјалчиња и објекти ги дисекцирав и ги лечев – моите гледаа лекар или хирург во мене ама ја сепак знаев дека сум уметничка душа.
Израснав во навистина мал град, така што никој не беше испирсан (bodimodificiran), но јас секогаш ги барав сликите на пирсинг и тетоважи и ги гледав луѓето со убави тетоважи и пирсеви по телото и со проширени канали (тунели) на ушите и ги гледав со стравопочит, особено кога бев на мојата прва тету конвенција во Frankfurt. WOW Тоа беше будење, Не беше ништо како дома. Сега кога размислувам назад кон тие денови, јас сум толку благодарна што ги следев моите соништа и по некое чудо што мојот ментор ми даде шанса. Искрено, мислам дека најтешкиот дел од моето чиракување, од моите почетни денови, беше надминување на анксиозноста и имањето повеќе доверба во себе. Во оваа индустрија, постојано си околу луѓе и секогаш ги собираш нивните енергии. Огромна благодарност му должам на мојот ментор кој ме ослободи од мојата анксиозност. А и навистина не ми даде многу на избор. Ме оставаше да се грижам и да разговарам со муштериите дури и ако јас се тресев и пелтечев. Ме натера да си помогнам сама себе си да се буткам секој ден да биде подобро. Тој ме туркаше да бидам посигурна знаеше за што сум способна,знаеше дека сум неоткриена за многу нешта. Знаеше дека оваа девојка во мене само чека да излезе, се разбира многу ми е мило што тој го стори тоа. Имаше моменти кога навистина не беше воопшто интересно и беше многу напорно, но јас не би сакала ништо ни да променам. Во тие моменти тој секогаш ми кажуваше да знам дека тоа “смрди” сега, и ќе бидеш уморна и ментално и физички, но на крајот, сето тоа вреди. Ние сме во индустрија која не ја работат многу луѓе иако сега веќе многу нешта се искомерцијализираа . Ние им помагаме на луѓето да ја променат перцепцијата за себе по свое лично убедување,да се украсат по нивен вкус и можам да кажам дека тоа е доволна награда кога ќе ги видиш нивните задоволни насмеани лица откако си завршил.
2. Што е потребно за да се стане Пирсинг Артист и каква обука помина ти за да станеш Пирсинг артист?
Напрво треба да се најде добро професионално студио кое ќе те прими,без разлика прво и да си обичен продавач на накит само да ти се дозволи таква шанса,после е лесно.Кај нас нема многу професионални студија што работат на тој принцип – се знае кај нас како се учи пирсање – идеш у аптека купуваш игла и бушиш лево десно додека не ти успее 🙂 Но јас несакав така! Самото студио те упатува на обука во Црвен крст за прва помош и исто така на обука за кожни, патогени болести кои настануваат со самото продирање на кожата со игла.Откако ќе пројдеш година дена учиш/чиракуваш 🙂 како се стерилизира, како се дезинфицира, што значи стерилизација, чистење, педантност и внимателност, па зошто е сето тоа потребно – што е вкрстена-контаминација како уште многу здравствени и сигурносни процедури кои треба да ги знае секој пирсер е тогаш, дури, тогаш може да земеш игла и да боцкаш и украсуваш. Секоја нова процедура се прави постепено додека не се научи и се оди на следната која секогаш е на почетокот со супервизија (надгледување) од менторот. Мора да се научи односот клиент/пирсер, и како да му се објасни се – да не е нервозен и да се спреми за боцкање, па до крај за нега и чување на испирсаното место. Исто така мора да се научи разликата измеѓу материјалите на пирсовите. На крајот после се тоа најважно од се е да се посети неколку дневен семинар од познати светски пирсери кои можат многу да те научат и од нивното големо искуство да споделат уште ред два од тоа што си научил до тој момент.
3.Колку време работиш во Студиото и дали работиш нешто друго освен пирсање во студиото?
Како што веќе кажав претходно во СКИН АРТ студиото сум нешто повеќе од 10 години. Почнав во ова студио тука и останувам до крај, почнав како продавач во самиот процес на учење како да станам пирсинг артист научив како и да го менаџирам самото студио така да денес можам да се пофалам дека не само сум Пирсинг артист туку и менаџер на сето она што го гледате како се случува со СКИН АРТ студиото!