Промени на кожата при тетовирање

Тетовирањето се практикува со илјадници години. Во дамнешните примитивни времиња бил користен за разубавување, додека во некои случаи и како еден вид обичаи, а во некои култури тетовирањето претставувало  знак на разликаодносно општествен статус. Ова денес е сеуште случај со некои култури, меѓутоа, исто така, последнава деценија стана тетовирањето популарно во секојдневието. Со зголемувањето на бројот на луѓе со тетоважи во денешното општество, може да се очекува и зголемување на бројот  нарушувања на кожата поврзани со тетоважите. Се случува на многу луѓе кои се тетовирани да им се појави чешање или отекување кое може да трае со месеци.

Реакции кои можат да се појават вклучуваат акутни воспалителни, егзематозно хиперсензитивни реакции,  грануломатозни реакции и сл.

Акутната инфламаторна реација е директен одговор на убодот со иглите на кожата, во комбинација со пигмент бои во комбинација со солите од металот. Може да има преодно црвенило и оток во областа на тетоважата што исчезнува во рок од 2-3 недели. Тоа е очекуван пропратен ефект на процесот на тетовирање.

Знаците кои се појавуваат се разликуваат во зависност од видот на алергиската реакција и на состојката во  мастилото за тетовирање која ја  предизвикува. Вообичаени знаци на алергиска реакција на тетоважата вклучуваат:

-оток
-црвенило
-Исип или испакнатини
-Виолетови или црвени чворови околу тетоважа

Мастилото за тетовирање содржи неколку состојки и хемикалии, а вие може да бидете алергичен на секој еден од нив. Супстанции, како железен оксид, жива сулфид, железен хидрат, алуминиум, и манган се само некои од состојките кои можат да бидат вклучени во мастилото, во зависност од бојата. Алергиска реакција може да предизвика  било која од овие супстанции откако ќе навлезе мастилото во вашата кожа. Црвеното мастило за тетовирање е најчестата причина за алергиски реакции на тетоважата , иако секоја боја може да биде виновна.

Осип обично се појавува за време на фазата на заздравување, иако тој може да се појави и откако тетоважата изгледа дека е веќе заздравена. Се случувало испрано ст да се појави дури и 12 месеци откако тетоважата е заздравена и тоа е обично местото каде црвените пигменти биле тетовирани во кожата. Осипот опстојува се додека целото црвено мастило не биде истиснати од кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *