Хороскопски тетоважи
Хороскопски тетоважи

image

Дали вие се консултирате со вашиот хороскоп редовно или  одите толку далеку што сте  направиле лична хооскопска шема? Тоа укажува дека астрологијата е дел од вашите верувања, и дека доволно сериозно ќе размислите  и ќе  разгледате  Хороскопски тетоважи. Но, без оглед на тоа дали верувате во астрологијата, една работа е сигурна – секој  човек  е роден – претставен под еден од дванаесете знаци под сонцето. Од таму ние често, во текот на животот го проверуваме хороскопот, за да се видиме дали има нешто возбудливо во тоа што ни го “кажува“.Човештвото е фасциниранo од Хороскопските знаци, бидејќи човекот прв ги  поврзал точките помеѓу ѕвездите и го нарекле  Соѕвездие. Идејата дека нашите животи и дејствијата кои произлегуваат  се под влијание на небото има во себе вистински романтизам и магнетизам. Не е ни чудо што дизајните за Хороскопските тетоважи изобилуваат во секој поглед.

image

Постојат многу идеи за тетоважи кои се поврзани со Астрологијата или Хороскопот . Најпрво како идеја е секогаш  знакот кој го симболизира Хороскопскиот знак, овие мали  дизајни се универзални и може да се истражат на интернет или во астролошки книги.

Друга идеја за ваков вид тетоважи вклучуваат модели на ѕвезда  или соѕвездија. Овие видови на дизајни имаат речиси стил на поврзи ги точките, и добро изгледаат и на грбот или на внатрешниот дел од раката.

Исто може како идеја да се разгледа животното или пак   елементот со секоја се симболизира знакот. Секој астролошки знак е или воздушен, или вода, или земјен или пак огнен знак. Можете да ги користите овие елементи да се создаде фантастична фигура на телото како вид на уметност која го опишува Хороскопскиот симбол, без прибегнување кон хиероглифи кои се многу честа појава во традиционалната хороскопска тетоважа.

Бидејќи овој вид тетоважи често се мали по обем, тие се скоро совршени дизајни како идеја за области како што внатрешниот зглоб, глуждот, раката, зад увото, па дури и на стапалото.

Се разбира вашата хороскопска тетоважа може да биде и многу поголема, па дури и да се создадете  цела една шарена, целосно обоена сцената на вашиот грб, се разбира ако најдете реномиран и искусен таттоо артист -реалист.

Најдобриот дел во врска со овие тетоважи е тоа што е најмала веројатноста да ги зажалите. Наместо тетоважа која  го симболизира името на љубовниците, или цитат или стих тетоважа која може да прерасне во заморна и досадна мисла, на астролошката тетоважа ќе го имате доживотно чувство на задоволство без да бидете очигледни зошто или за кој таа  симболизира.

Posted by АПТПА 0 Comments