Македонија стана една од државите која го регулира тетовирањето и пирсингот
Македонија стана една од државите која го регулира тетовирањето и пирсингот

Почитувани артисти и љубители на тетовирањето и присањето – гордост ни е да го објавиме финалниот момент на нашата заложба за конечно легализирање на тетовирањето и пирсањето во Македонија. Голема чест ни претставува што будно следевме и со сите сили придонесувавме Правилникот за тетовирање и пирсање да биде комплетиран за да може конечно студијата за тетовирање и пирсање непречено и професионално да работат. Имавме многу критики од одредени лица кои се “занимаваа” со тетовирање и пирсање,од лица кои се нарекуваа уметници а несакаа да придонесат за развој на уметноста наречена тетовирање и пирсинг но професионалноста победи – победи правниот систем во Македонија кој на сите оние кои сакаат да се наречат мајстори и професионалци во оваа делатност конечно ке можат без никакви пречки да работат,креираат и допринесуваат нови и свежи уметнички дела исцртани на кожа.Професионалното тетовирање и Пирсање веке нема да биде збор кој ке може да го користи секој оној кој ке замисли дека може да тетовира или да пирса,професионализмот во оваа делатност сега ке се гради со основни начела и норми одредени според законот за тетовирање и пирсање во Р.Македонија. Еден мал осврт кон историјатот по ова прашање:

– Далечната 1988 година, почесниот претседател на АПТПА, Богдан Спасовски покрена прашање околу легалноста на оваа уметност, во тоа време тетовирањето и пирсањето беше табу тема која во најголем дел беше осудувана, а можеше и кривично да се одговара доколку на лице место ве затечат како се тетовирате или пирсате.Богдан Спасовски отворено пред тогашните власти побара декриминализација на оваа уметност.

– Во транзицискиот период кога Македонија стана држава и се отцепи од поранешната СФРЈ 1990/92 тетовирањето и пирсингот се повеке се применуваше при што се роди и првото професионално студио за тетовирање кое доби амин од тогашните власти за основна делатност во разубавување на кожата и телото.

– Во период од 1992 па до 1996 год во Македонија постоеше само едно студио за тетовирање и пирсање кое беше професионално опремено и плаќаше данок на државата според изработените дела.Странските мисии кои присуствуваа во Македонија тогаш за првпат во период од 4 години го наградуваа ова студио со благодарници и меморандуми оценувајки ја професионалноста на ова студио на највисоко ниво како секаде во светот!

– По периодот по 1996 год се случи и првиот собир, иницијатива за формирање на невладино граѓанско здружение кое ке ги застапува и оформува правата на сите оние кои сакаат да се занимаваат со оваа прекрасна уметност.Се роди првата идеја за конвенција за тетовирање и пирсање во Македонија и веке на Македонската сцена за тетовирање можеше да се каже дека има повеке од едно студио кое се занимава со тетовирање и пирсање.Овој период од 1996-1998 год се рачуна за златен период на тетовирањето и пирсањето на Балканот бидејки Македонија ги имаше единствените професионалци кои им помогнаа и ги обучуваа останатите артисти низ балканот да се оформат како професионалци на ова поле.

– 1998 година во Македонија беше донесен првиот интернационален сертификат за мајстор во тетовирање и пирсање со што беа исполнети интернационалните услови за креирање на Македонска културна сцена во кожната уметност кои подоцна ја застапуваа Р.Македонија секаде низ светот.

– Во период од 1998-2002 год тетовирањето и пирсингот зема невидени размери во Македонија,тетовирањето веке не е табу тема и широко е распространето низ сите слоеви на Македонското општество. АПТПА како формирано тело ги поддржуваше и охрабруваше сите свои членови да земат водечки позиции како мајстори во оваа уметност на балканот.Во овој период Македонските професионални студија за тетовирање почнаа да ги носат првите интернационални награди за прекрасните креации изработени на кожа.

– 2003 година АПТПА донесе решение за потреба од закон за тетовирање кој би се имплементирал во состав на закон за јавно здравје во Р.Македонија. Во периодот од 2003 до 2010 год АПТПА постојано предупредуваше на сите неправилности кои можат подоцна да се појават доколку оваа уметност не биде заштитена и институционирана во рамките на законите на Р.Македонија.

– 2010 год прв пат тетовирањето и пирсингот најде место во неофицијалниот прочистен  текст во законот за јавно здравје – во АПТПА јуни 2010 год е запишан како дата кога 22 годишната борба за професионализирање и институционализирање на тетовирањето и пирсањето конечно е добиена.

– Во периодот од 2010 до 2012 година со неколку интервенции АПТПА гордо го објави Законот за јавно здравје во кое како посебен дел се прописите за тетовирање и пирсање во Македонија.

– Од 2012 до денес тетовирањето и пирсањето во Македонија се креира и развива како дел од уметничкиот живот во Македонија,фалеа мали нијанси за спроведување на професионализмот во оваа уметност но конечно на 24.Декември 2014 година во „Службениот весник на Република Македонија“ бр. 192/2014 излезе Правилникот за поблиските услови и критериуми во однос на просторот, опремата и стручниот кадар за вршење на активности на кожа или активности со кои се продира во кожата и за видот на информациите по однос на здравствените ефекти од услугите и начинот на давање на информациите на лицата кои ги користат услугите при што битката на АПТПА за општествено и законско институционализирање на тетовирањето и пирсањето во Македонија може да се каже дека е завршено.Ние како здружение нема никогаш да кажеме дека оваа битка е конечна бидејки постојано ке набљудуваме и ке корегираме се она што доаѓа како новина во оваа уметност!image

Би сакале да се заблагодариме на сите-сите лица кои помогнаа оваа прекрасна уметност конечно да биде избришана од табу темите во Македонија,сакаме да се заблагодариме на владата на Р.Македонија што несебично најде разбирање и се впушти во сериозна анализа за креирање на вистинските правила и прописи кои допринесоа тетовирањето и пирсањето секогаш непречено да се изработува под професионални услови. Сакаме да се заблагодариме на сите државни службеници кои нас како АПТПА и самото тетовирање и пирсингот го прифатија како дел од уметничкиот столб во Македонија и со тоа придонесоа оваа прекрасна уметност континуирано во иднината да расне во нашето општество. Да не заборавиме и да се заблагодариме на сите медиуми во Р.Македонија кои со своите статии и прилози не само што допринесоа до сега туку и постојано помагаат во развивање на културата и 1аМоо сцената во Македонија со што оваа уметност е се поценета и пораспространета кај нас. Нема да ги изоставиме и ке им се заблагодариме на сите оние скептици,луѓе кои тетовирањето и пирсањето го сметаа за несоодветен акт кој нетреба да е дел од уметничката култура во Македонија.Тие луѓе не направија појаки и порешителни тетовирањето и пирсањето да го институционализираме како уметност која трае вечно и ни помогнаа да покажеме дека е сосема погрешно да се суди личноста и карактерот според шарите на кожата.Оваа општествена битка уште не е конечно добиена но ако ги добиеме сите битки одеднаш нашето здружение нема да е толку јако и обединето во своите цели како што е денес. И за крај би сакале да им честитаме на сите мајстори и артисти кои се занимаваат со тетовирање и пирсинг во Македонија,да честитаме на сите љубители на тетовирањето и пирсањето во Македонија – конечно непречено,необележано ке можеме заедно да уживаме во нашите и вашите дела кои сјаат на кожата.Не заборавајте го овој тежок пат кој го пешачевме заедно низ времето бидејки успехот е заеднички како што и делата кои ги носите на вас се заеднички и безвремени.

Претседател на АПТПА Македонија

    Игор Механджијскиamblem01

Posted by АПТПА 0 Comments