За нас – АПТПА

1

Најнапред да се претставиме за да може нашите известувања и понатамошни новости  со видно внимание да ги следите и нетрпеливо да ги очекувате.

Ние сме здружение на Професионални Таттоо и Пирсинг Артисти во Македонија(АПТПА) дел од големото интернационално семејство Alliance of professional tattooists –  http://www.safe-tattoos.com

Здружението постои скоро 10 год, се сметаме за пионери во овој домеин а и во нашите редови ги имаме пионерите во Тетовирањето и Пирсингот не само во Македонија туку и на Балканот, веке имаме стотици проекти со кои се гордееме – едни од за нас најважните проекти се инкорпорирање на тетовирањето и пирсингот во секојдневниот живот во Македонија,легализацијата на тетовирањето и пирсингот и секако промоцијата на правилниците за таттоо и пирсинг студија во Македонија – и најглавната цел за нас медиумско покривање на овој култ и секако креирање на плодна информативна почва што би резултирало со првата професионална Таттоо конвенција во Македонија.

Според овие достигнувања за нас гордост е да се претставиме како носители и градители на култот на тетовирањето и пирсингот не само во Македонија туку и на Балканот но АПТПА како здружение има за цел да делува на државно ниво и во рамките на пријателствата со ваквите здруженија од соседните земји.

Нашата организација е отворена за сите граѓани на Р.Македонија кои се заинтересирани да работат во интерес на тату и пирсинг култот и секако со таквата работа да допринесуваат во градењето и делењето на љубовта кон тетовирањето и пирсингот.Секој граѓанин на Македонија може да биде член во АПТПА и тоа во следните категории:

–  Поддржувач или Љубител на тетовирање

–  Активен член и претставник во одборот на АПТПА

и

–  Професионален Таттоо и Пирсинг Артист ( член и функционер во АПТПА)

 

Нашето делување како организација секоја година е се поголема и како што се зголемува бројот на нашите членови така и нашата работа добива свежи идеи кои по спроведување ги запишуваме како историски и успешни проекти на АПТПА.Ние како здружение постоиме само и само за уривањето на сите табуа околу тетовирањето и пирсањето а со тоа и спроведување на за нас веке постоечкиот култ наречен тетовирање и пирсинг.

 

Нека и понатака вашите идеи прераснат во најголема мотивација за нас !

АПТПА