E-INK реалност?!

Во ерата на модификации на телото, дискриминацијата е жален факт и за жал дел од животот.

Колку луѓе знаете кои жалат за нивната тетоважа?  Ќе пораснат,  или можеби сте го одбрале  “уметникот” за тетоважи, кој научил занаетот од интернет или на „улица“ користејќи приправена опрема и нестерилна околина. Го разбираме проблемот на тетовирање лоши тетоважи. Поради тие моменти, вашиот избор се сведува натоа како да се справите на најбезболен начин, да го прикриете со нова тетоважа или да се отстрани со ласер. А никој не сака, особено во Македонија да оди на интервју за работа, и да биде гледан како изрод само затоа што има тетоважа плус  за разлика од  веќе вработените!  Значи за да се избегне страдањето од  екстра болка за покривање на веќе зфрешената тетоважа или да плаќаат повеќе за ласерско отстранување, зошто да не се обидеме овој уникатен изум кој им овозможува  да избираат  дизајни за тетоважи – забавно, брзо и на безболен начин !!!

140724153448-wtf-tech-moodinq-620xb

Кога станува збор за тетоважи, ако не сте за оној дел “трајна” тетоважа тогаш MoodINQ е одговорот за вас!

Се користат безбедно поткожните импланти!

А за да ја имате е-инк тетоважата треба само да ги следите овие три „лесни„ чекори:

Чекор еден:  Посети хирург  за да ти постави имплант –   е-читач  екран под твојата кожа.

Чекор два:  купи го за 150 $ moodINQ стапчето и претплати се на базата на податоци од moodINQ со тетоважи .

Чекор три: изберете дизајн и да протријте го  стапчето на вашата кожа. Само миг! И имате инстант (барем еден вид) тетоважа!

Е-Ink тетоважи, кои се менуваат со вашето расположение!moodinq_grid_zoom-578x313

Што правите кога сакате да се тетовирате, но не ја сакате посветеноста која ја носи трајната тетоважа?

МoodInq системот е чекор напред во  технологијата на тетовирање, со користење на за кожата безбедно внесен пигментен мастилен ситем кој трае цел живот, а  може да се конфигурира за да прикажува кој било дизајн  (или воопшто нема!) кој одговара на вашето расположение.

И, како  функционира?

На база на соработува со водечките лекари и техничари во индустријата козметичката хирургија  да ја вметнат имплант  Е Ink мрежа, наречена платно (canvas) . Платното може да оди насекаде на вашето тело и да се конфигурира со големината и обликот на делот од телото кој сакате да го тетовирате. По краток период на  заздравување на местото  (обично 2-3 дена), можете да започнете со користење на софтверот moodInq во кој е вклучен вашиот комплет со кој може да го промените вашето платно за прикажување на тетоважата што ја сакаш!

По завршувањето на процесот на имплантација, менувањето на вашата тетоважа е лесно и брзо со moodInq стапчето. Само стартувајте го софтверот со дизајн на тетоважи  и изберете ја вашата од базата на податоци која содржи повеќе од 100.000  дизајни.  Промени на големината, страната или  исечете, намалете ги вашите слики, додадете текст, или дури и поставете ги вашите сопствени дизајни.  Приклучете го стапчето на вашиот компјутер преку USB и едноставно се пројдете со стапчето врз платното за да се конфигурираат  Е Ink капсулите во платното при што ќе се прикаже  вашиот избран дизајн.

Технологијате со брзи чекори ита нанапред! Револуционерното е-инк можно ли е сега и на вашата кожа. Само за потсетување како тоа би изгледало микроскопски!how_eink_works_anim

За среќа (или несреќа на некои) овој производ сеуште не е реализиран, сеуште се чека да биде патентиран!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *