ЗДРАВО, моето име е Алијанса на Професионални Таттоо и Пирсинг Артисти во Македонија

 Најнапред да се претставиме за да може нашите известувања и понатамошни новости  со видно внимание да ги следите и нетрпеливо да ги очекувате.

Ние сме здружение на Професионални Таттоо и Пирсинг Артисти во Македонија(АПТПА) дел од големото интернационално семејство Alliance of professional tattooists –  http://www.safe-tattoos.com

Здружението постои скоро 10 год и веке имаме стотици проекти со кои се гордееме – едни од за нас најважните проекти се инкорпорирање на тетовирањето и пирсингот во секојдневниот живот во Македонија,легализацијата на тетовирањето и пирсингот и секако промоцијата на правилниците за таттоо и пирсинг студија во Македонија – Таттоо конвенција во Македонија.

Ова пред се е наша гордост бидејки конечно владата на Р.М. сериозно ги разгледа нашите иницијативи и воедно ги прифати вклучувајки ги во законот за Јавно здравје.Ова го пишуваме од причина за да не се разбереме погрешно – ние сме тие кои сакаме и постојано работиме Македонската таттоо и пирсинг сцена не само да се промовира во Македонија туку и да расне на интернационално ниво – да ја шириме Македонската уметност секаде низ светот.

Сите оние кои се занимаваат со тетовирање и пирсинг сигурно ке се потсетат каква беше сцената на тетовирање и пирсингот пред десетина години а каква е денес – денес имаме видни мајстори од Македонија кои непрекинато го претставуваат ова уметничко движење секаде низ светот.

Но во светот како и денес кај нас постојат правила и прописи, кои ние највеке се заложивме да ги почитуваме и спроведуваме, но не само ние туку и сите оние кои сакаат да се занимаваат со оваа прекрасна уметност треба истото да го применуваат.

Ние како здружение  вам ви ги нудиме сите правни и законски регулативи во смисла на помош од нас за вас доколку сте заинтересирани за било каква информација,вам како артисти кои сакате да раснете и да се докажувате кај нас во Македонија и на меѓународната сцена но и вам луѓето кои сакате тетовирањето да е дел од вас – во Македонија има кој се грижи за тетовирањето и пирсингот а тоа сме НИЕ.Ние можеме да ви обезбедиме се она кое правилниците и законот за Јавно здравје го пропишува – сите истетовирани и испирсани да бидат правно заштитени од непрофесионална злоупотреба  а сите професионални артисти да си го најдат  заслуженото место во светот на оваа прекрасна уметност !

 

Искрено и со Почитување

Претседател на Алијанса на

Професионални Таттоо и Пирсинг

Артисти во Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *