Правила и регулации за Пирсинг

  • Секое студио мора да има приемно оделение и просторија за работа.
  • Простоиријата за прием мора да има доволен број на инвентар за таа намена како и додатна опрема за запознавање на клиентите со пирсањето
  • Секоја пирсинг итервенција мора да е направена во чиста и уредна просторија со сите потребни инструменти за таква интервенција.Ѕидовите и плафонот мора да бидат офарбани со мрсна фарба или ѕидовите да се поплочени со плочки,просторијата мора да има мијалник со топла и ладна вода,медицински сапун и канта со марамчиња.Мијалниците мора да имаат славини кои се палат и гасат со рака или нога.
  • Подот мора да биде покриен со материјали кои лесно се чистат (линолеум или плочки)
  • Подот мора секогаш да е чист и дезинфициран
  • Во работната просторија мора да има вентилатор.инхалатор или клима уред.Сите сертификати мора де се спаковани во пластични фолии па потоа урамени како би биле полесни за чистење.
  • Работните површини мора да се мазни без празни простори како би можеле лесно да се чистат.Се препорачува подебело стакло.
  • Столчето на кое се седи(клиентот и мајсторот) мора да биде чисто и мазно.Некои канцелариски столчиња се идеални за работа но материјалот мора да е од винил,скај или кожа како би се чистел полесно. Ако е материјалот платнен мора да се покрие со бела или зелена медицинска покривка која ке се мења на секое доаѓање на нов клиент.
  • Столицата и наслонот на неа исто мора да се мазни и без вдлабнувања,од здрав материјал за да се чисти пред доаѓање на секој нов клиент.
  • Мора да се води евиденција на секој нов клиент и да се потполнува согласен формулар при доаѓање на секој нов клиент.Сите посети мора да се евидентирани.
  • Пирсинг артистот мора да ги мие рацете пред и после секоја работа.Рацете се мијат со антибактериски сретства (сапун и др.).Четкица за нокти не се препорачува за употреба при миењето бидејки постои опасност од оставање на отворен дел од кожата и пренесување на инфекција кај самиот артист.
  • Сите материјали (игли и накит) кои се употребуваат за еден клиент мораат да се претходно стерилизирани најмалку 24 часа.А сите веке искористени и непотребни материјали мора да се фрлат во посебна кантичка за да не дојде до допирање и инфекција на самиот Артист.
  • Кожата за работа мора да биде првично исчистена со антибактериски сапун и вода(нов микс секој ден).Површината на кожата да се избричи доколку не е чиста и после да се дезинфицира со Алкохол или Јод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *